ВИДЕО: Македонка загина во сообраќајка кај Лесковац

Во сообраќајка кај Лесковац едно лице загина, а четворица се повредени.

Несреќата се случила, кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната шина, која потоа влегла низ возилото.

Во несреќата загинала сопругата на возачот која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него се повредени и нивните две деца и една постара жена.

Станува збор за семејство од Северна Македонија кое се враќало од одмор во Словенија, објави 192.рс.

19.07.2024 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега