Собранието и ОБСЕ ќе ја продлабочат соработката
Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Марина Димовска, заедно со заменик-генералниот секретар, Бобан Стојаноски, денеска остварија работна средба со претставници на ОБСЕ Мисијата во Скопје.
На средбата се разговараше за досегашната успешна соработка помеѓу Собранието и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, тековните проекти и нивната реализација, како и за приоритетите и потребите на Собранието на Република Северна Македонија за планирање на идните заеднички проекти.
Претставниците на ОБСЕ Мисијата во Скопје информираа за активности поврзани со настани кои треба да се реализираат во соработка со Собранието со фокус на две области, родовата еднаквост и надзорната улога на Собранието.
Генералната секретарка Димовска изрази подготвеност за продолжување и интензивирање на целокупната соработка, која и во иднина ќе придонесе за поголема ефикасност во работењето на Собранието на Република Северна Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа