Пукање во Белград - убиен 27-годишник

 

Утрово, околу 4.20 часот во белградската населба Калуѓерица, лице испукало повеќе куршуми одеднаш во возрасен маж којшто починал. 

Во ситуацијата е инволвирана и жена која е повредена, но не е во ризична состојба. Полицијата сѐ уште трага по сторителот, oбјавија белградските медиуми.

Според српски Телеграф, станува збор за Никола Станковиќ (27).

Пукањето се случило околу 4:30 часот наутро, кога четири непознати лица отвориле оган врз Никола додека бил со неговата девојка Т.Д. (25), која била ранета во пукањето.

По пукањето напаѓачите избегале од местото на злосторството.

Според неофицијални информации на Telegraf.rs, девојчето Т.Д. било рането во раката и итно било транспортирано во центарот за итни случаи. Нејзината состојба засега е непозната.

Полицијата интензивно ги бара напаѓачите.

Никола Станковиќ бил познат на полицијата по голем број на кривични дела. Пред пет години, тој бил уапсен под сомнение за напад на поранешниот играч на Црвена Ѕвезда Алекса Терзиќ.

 

21.12.2024 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега