Таравари го заврши партнерството со ВРЕДИ, деновиве ќе разговара со Мицкоски
Лидерот на АА која е дел од коалицијата „ВРЕДИ“, Арбен Таравари за Канал 5 вели дека неговото партнерство со другите три партии завршило, а дали тоа ќе повлече некакви други промени во однос на неговото учество во власта, најави дека деновиве ќе разговара со премиерот Мицкоски.
За евентуална соработка со политичките ривали на „ВРЕДИ“, ДУИ, тој нема прецизен одговор, но според неговиот доскорешен партнер Касами, неговите планови нема да ги пореметат математиките на владиното мнозинство.
Дека Владата е стабилна тврдат и од партијата ЗНАМ, но сметаат дека на Таравари местото веќе не му е во Владата. За оваа тема уште синоќа разговарале на извршен одбор на партијата.
Одлуката за настап на локалните избори со свои листи, лидерот на АА Таравари ја донесе завчера, а за истата тема вчера се состанаа и лидерите на останатите три партии од „ВРЕДИ“.
Според нив Таравари се самоисклучил од коалицијата, но се уште немаат јасен став дали ќе бараат тој да биде отстранет и од Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа