Бочварски: Граѓаните се измамени од неисполнетите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

 


Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5, остро ја критикуваше актуелната локална и централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ за неисполнетите ветувања.

„Низ сите контакти со граѓаните, тие велат дека апсолутно се чувствуваат измамени од она што беше ветувано од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Големите ветувања не се исполнети, рече Бочварски.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ, која владее со Скопје и многу други општини уште од 2021 година, не ги исполни клучните ветувања, како нови автобуси, поквалитетен јавен превоз или подобар квалитет на живот.

-Дали граѓаните добија нови електрични автобуси? Дали се подобри условите за живот во Скопје? Во другите општини? Не. Тоа се резултатите на ова ВМРО-ДПМНЕ. Имаат градоначалник, имаат мнозинство, одговорноста е нивна, потенцираше пратеникот на СДСМ.

Бочварски заклучи дека на граѓаните им е јасно и затоа разочарувањето е се поголемо кај граѓаните.

Тој посочи дека СДСМ работи активно на терен и наскоро ќе излезе со сите кандитати, најдобрите и најквалитетни кандидати за градоначалници и советници, кои ќе ја претставуваат идеологијата и визијата на партијата, но и ќе понудат реални и изводливи проекти.

-Ќе се претставиме со кадри кои ќе ја презентираат визијата на СДСМ и проектите што ќе бидат превземени и реализирани, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски.

05.08.2025 - 21:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега