Забрането капење на плажите во познато грчко одмаралиште
Грчките власти забранија капење на голем дел од плажите во околината на Волос поради масовно умирање на риби. Илјадници мртви риби се појавија на плажите, предизвикувајќи загриженост кај локалното население и туристите.
Причината за оваа еколошка катастрофа се претпоставува дека е масовно истекување на слатководни риби од езерото Карла во морето. Властите веќе преземаат мерки за чистење на крајбрежјето и за утврдување на точната причина за оваа појава. Додека траат анализите, капењето е забрането на сите плажи од Агрија на исток до Агиос Георгиос на запад, вклучувајќи ги и оние кои до неодамна се одликуваа со „Сини знамиња“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа