Реновирани просториите во демиркапиското основно училиште


Основното општинско училиште „Димче Ангелов - Габерот“ од Демир Капија ја почна новата учебна година со реновирани простории.

Од училиштето информираа дека реновирањето е реализирано преку проект на Министерството за образование и наука, финансиран од Светска банка. 

- Преку проектот на МОН за подобрување на училишната инфраструктура, финансиран од страна на Светска банка, во текот на летниот период беше извршена реконструкција на подовите во училниците во централното училиште. Поставени се и нови роло завеси за заштита од сончева светлина - проект финансиран од училишниот буџет. Создаваме подобри услови за реализација на воспитно-образовниот процес, соопштија од училиштето. 

Од страна на градоначалникот Лазар Петров и директорката на училиштето Менче Николова, на првачињата им беа доделени маички и школски прибор.

02.09.2024 - 21:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега