Подгответе го чадорот - утре попладне доаѓа дожд


Времето утре сончево и топло со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти УХМР.

Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Потоа следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.

02.09.2024 - 19:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега