СДСМ: Над 11.000 фирми без плати поради катастрофалните економски политики на власта

 

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека над 11.000 фирми во земјава не исплатиле плати поради, како што рече, „лошите економски политики на власта“.

„Состојбата во економијата и во стопанството е алармантна. Драстично е намалена ликвидноста, фирмите едноставно немаат средства за исплата на плати и обврски, а владата не им испорачува навремени средства,“ истакна Кузеска.

Таа додаде дека неисплатените обврски од страна на државата за поврат на ДДВ и други договорни обврски достигнале околу 900 милиони евра. „Унгарските пари се уште не стигнаа, ветените средства кои требаше да ја возобноват ликвидноста ги нема,“ нагласи портпаролката на СДСМ.

 

„Банките не го поддржуваат стопанството затоа што ја кредитираат државата. Власта нема јасни цели за развој на економијата – отсуствуваат стратегија и визија, што доведува до разурната економија која се распаѓа пред очите на граѓаните и на фирмите,“ додаде Кузеска.

21.08.2025 - 12:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа