Голема трагедија: Загина 19-годишно момче - со автомобил излетал од коловозот

 

На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с.Велешта, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција

21.08.2025 - 16:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега