УХМР предупредува: Нѐ очекува невреме со ветер со брзина од 70км/ч

 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) пренесе известување од Управата за хирометеоролошки работи (УХМР) во кое за утре се најавува променливо облачно, ветровито и нестабилно време со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер со брзина од над 70 км/ч во форма на невреме.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 29 до 37 степени. 

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во делови од котлината нестабилно со можност за краткотрајно невреме и засилен до силен југозападен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 34 степени.

Во сабота се очекува повремен дожд во западните делови проследен со северен ветер. И во недела ќе дува северен ветер и ќе има опаѓање на температурите. Потоа следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.

21.08.2025 - 18:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа