Познато кога ќе има исплата на К-15 за вработените во државната администрација


И вработените во државната администрација оваа година ќе добијат регрес за годишен одмор, популарно наречено К-15.

Помеѓу 83.000 и 84.000 вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан дали на наставниците ќе им биде исплатен регрес за годишен одмор.

„Да, иако тоа во основниот буџет не беше предвидено, во ребалансот на буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која што е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска Владата како работодавач најголем има намера да ја заврши некаде кон крајот на ноември, почетокот на декември, рече Мицкоски, додавајќи дека согласно Законот се потребни минимум шест месеци работен стаж за да се оствари право на К-15.

02.09.2024 - 21:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега