Алтернатива го освежува раководството на партијата со нови кадри

 


На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива, се дискутираше за одредување на новото раководство на партијата по Вонредниот конгрес на кој за Претседател беше избран Зеќирија Ибрахими, соопштија од партијата.

„По плодна дебата во Претседателството и оценувајќи ја потребата за освежување на раководните органи на партијата со нови кадри, за постигнување на стратешките цели на партијата, по предлог на Претседателот Зеќирија Ибрахими, беа избрани раководните органи на партијата како што следува:

- Амир Елези- Генерален секретар
- Арбен Лабеништи- Потпретседател
- Орхан Муртезани- Потпретседател
- Сафие Садики Шаини- Потпретседателка
- Афан Елези -
-Потпретседател
- Башким Муртези– Организациски секретар
- Беким Сали– Секретар за човечки ресурси
- Адмирим Алити- Секретар на Секретаријатот на одделенијата
- Фисник Мела– Секретар за стратешки политики
- Дритон Сулејмани- Секретар за односи со јавноста

Оваа одлука уште еднаш покажува високо ниво на демократија и внатрешна стабилност на АлтернАтивА, давајќи им можност и простор на новите кадри да придонесат во највисоката хиерархија на партијата“, велат од Алтернатива.

02.09.2024 - 19:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега