Свештеникот од Штип: Лично ќе го пријавам момчето кое и го украде од рака крстот на среќничката
За време на одбележувањето на празникот Богојавление-Водици, денеска во штипско Ново Село се случи инцидент кога откако за прв пат жена го фати крстот, група момчиња и го земаа од рака, при што мораше да интервенира полицијата.
Се работи за 31-годишната Борислава Васкова која го фати крстот, но група момчиња и го зедоа, по што со интервенција на полицијата крстот и беше вратен на среќничката, а свештеникот Добрица Јанев не им даде благослов на момчињата.
- Таква била божјата промисла, таа да го фати крстот, но има нечисни луѓе, и го грабнаа од рацете. Сведоци сме сите што бевме на мостот, и го грабнаа недостојно, недолично, но ние тоа не го признаваме. Момчето што го зеде крстот лично ќе го пријавам за кражба во полициската станица, вели Јанев.
Инаку, оваа жена супеа да ги победи сите 40 момчиња кои со неа скокаа по крстот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа