ВИДЕО: Град со големина на лешник, откорнати дрвја, Аеродромот блокиран - Невреме ја парализираше Хрватска
Силно невреме ја зафати територијата на Хрватска, а бурата и силните ветрови проследени со пороен дожд, направија вистински хаос.
Како што пишува „Вечерни Лист", вчера попладне силното невреме ги откажа сите полетувања и слетувања на аеродромот во Загреб, па околу 17 часот шест авиони кружеле над небото кај Карловац. Некои се обиделе да слетаат, но поради силниот ветер морале да се откажат. Неколку линии доцнеле повеќе од 40 минути.
Во делови од Хрватска паѓал и град со големина на лешник, пожарникарите интервенирале, бидејќи ветерот корнел гранки и дрвја. Во улицата Максимирска дрво паднало врз автомобил „шкода“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа