„Кој е следен“: Хуманоста исчезна, политичарите се препукуваат по трагедијата во Кочани
Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Основното јавно обвинителство потсети на трагедијата во Кочани, каде што загинаа 62 лица, со платно на кое беа испишани нивните имиња. Тие побараа заштита од системот за да не се повтори ваква трагедија.
Иницијативата доби поддршка и од семејствата на загинатите од Беса Транс, модуларната болница во Тетово, Дурмо Турс и членови од индивидуални сообраќајни несреќи.
Бјанка Калајџиска од иницијативата истакна дека поминале два месеци од најголемата трагедија во историјата на земјата, трагедија која се случила пред очите на сите.
„Денес го потсетуваме ОЈО, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста дека зад бројките стојат човечки животи, а зад секој живот празно столче на трпезата, недокажана приказна, невозвратена прегратка и болка на која што и нема крај. Во овие два месеци хуманоста исчезна, политичарите се впуштија во препукување, пратеници си земаа одмор“, рече Бјанка Калајџиска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа