Голема акција: Се вршат претреси - се местеле фудбалски натпревари

 

Неофицијално: Денеска полицијата врши претреси на повеќе локации низ Гевгелија поради сомнеж за местење фудбалски натпревар од Втората лига помеѓу Кожув и Башкими.

Според нашите извори, во истрагата се прибрани материјални докази за инволвираност на повеќе лица – меѓу кои фудбалери, тренер и раководни структури на двата клуба. Јавното обвинителство, на барање на МВР издало наредби за претреси, а сомнежот е против седум лица.

Ова е прв случај од ваков тип што се расчистува, не само во Македонија, туку и во регионот. МВР преку Бирото за јавна безбедност испраќа јасна порака – криминалот нема засолниште, без разлика дали е на улица, во институција или на спортски терен.

15.08.2025 - 13:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега