Нови теории за коронавирусот: Познат научник со шокантни тврдења за вакцините

 

„Шефот на јапонскиот медицински систем, мислам, излезе и рече дека може да се поврзе бројот на смртни случаи со бројот на вакцини. И така, сега кога забраната за зборување е симната, се е поголем бројот на научните студии кои влегуваат во литературата и веќе има илјадници такви. Впрочем, ова е една од најголемите катастрофи предизвикани од човекот во нашите животи“, вели во интервјуто водено од Такер Карлсон, Дејв Колум, хемичар и хемиски биолог, признат научник во САД, сега бивш соработник на Фајзер поради хајка што била спроведена против.

Во интервју како гостин на Такер Карлсон, меѓудругото, зборува и за потеклото на корона вирусот САРС Ков 2 кој ја предизвикува КОВИД епидемијата, но зборува и за вакцините кои во западниот свет, односно САД беа задолжителни за западните граѓани. Во интерјуто изнесува шокантни сознанија за оваа епидемија која уби 7 милиони луѓе, а зарази 10 отсто од светската популација.

А едно од клучните прашања што ги отвора е неговото сознание дека вирусот потекнува од лабораторијата во Северна Каролина, дека САД имале 36 лаборатории во Украина, дека…

Впрочем, еве го клучниот извадок од тоа интервју кој е интересен за нашата јавност:

Такер Карлсон: Значи, писмото во кое ве осудуваат беше само театар?

Дејв Колум: Да. Беше обид едноставно да се изгаси пожарот и тоа го направи, а јас платив. Поради тоа ја изгубив консултантската работа во Фајзер, бидејќи сега бев нацист, знаете.

Такер Карлсон: Фајзер не застана на твоја страна?

Дејв Колум: Работев таму 20 години и тие консултации одеа преку Зум, а сега на Фајзер не му требам како контроверзен консултант. Значи, и тие едноставно се ослободија од одговорност. Значи, немам ништо против, она што го имам против Фајзер е вакцината. Луѓето со кои се консултирав во Фајзер беа одлични, а Фајзер се обидуваше да ја заврши работата како што треба и слични работи.

Такер Карлсон: Зошто вие, како органски хемичар, сте критични кон вакцината?

Дејв Колум: Затоа што мислам дека уби многу луѓе и тие го знаеја тоа. Па веднаш почнав да пишувам за КОВИД. Јас сум научник. Четири години сум член и на група наречена „Лекари за КОВИД – Етика“, каде што сите поголеми антиваксери на планетата поминаа низ ова.

Такер Карлсон: Значи, ти си консултант на Фајзер? Доста си познат, еден од најпознатите органски хемичари во земјата. Значи, тоа што ќе го кажеш за вакцината против КОВИД на Фајзер, тоа не може да се отфрли како глупост.

Дејв Колум: Јас не сум експерт за вакцини. Јас сум органски хемичар. Значи, имам одредени технички вештини, а тука се и студиите по генетика како додипломец кои ми помагаат во оваа област. Не користам биохемија или генетика, но ми овозможуваат некако да ги сфатам работите.

Такер Карлсон: Мислите дека вакцината уби многу луѓе?

Дејв Колум: Па, трудовите на Фајзер, кои се трудови напишани за клиничките испитувања и базата на податоци на ВАЕРС системот (систем во САД во рамки на кој се пријавуваат несакани ефекти од лековите, н.з.), покажуваат огромен број проблеми, нели? И така, нашите доктори од групата за „КОВИД-етика“, ги имавме сите познати антиваксери. Еден од првите кај кои отидов, беше Роберт Кенеди (сегашниот секретар за здравство во администрацијата на Трамп, н.з). Можете да посочите антиваксер, можете да ги посочите Роберт Малоун, Рајан Колс, Брајан Артистес итн. Сите тие поминаа низ оваа група и разговаравме за овие работи три или четири години…

Такер Карлсон: Дали некој води евиденција колку Американци биле убиени од вакцините или од КОВИД?

Дејв Колум: Многу е тешко тоа да се утврди затоа што пред сè, секој смртен случај од грип беше апсорбиран во статистиката за КОВИД. Значи, грипот исчезна, што не може да биде вистина. И ако е така затоа што сме во изолација, тогаш како сите се заразивме со КОВИД, нели? Значи, сега излегуваат студии од други земји за ова. Но, Јапонците, на пример, кажаа некои многу силни работи за тоа што… Шефот на јапонскиот медицински систем, мислам, излезе и рече дека може да се поврзе бројот на смртни случаи со бројот на вакцини, нели? И така, сега кога забраната за зборување е симната, се е поголем бројот на научните студии кои влегуваат во литературата и веќе има илјадници такви. Впрочем, ова е една од најголемите катастрофи предизвикани од човекот во нашите животи.

Такер Карлсон: Ова е една од најголемите човечки предизвикани катастрофи во нашиот живот?

Дејв Колум: И карантинот. Мислам дека споменавте – или некој го спомна тоа во еден од вашите подкасти – за глупоста на карантинот. Кажете ми колку години има некое дете и ќе ви кажам кои предмети не ги знае. Значи, ако учевте тригонометрија годината кога беше карантинот, воопшто не знаете тригонометрија. Ние се преправавме дека ги учиме, тие се преправаа дека учат, но ништо не се случи.

Такер Карлсон: И го гледате ли тоа сега?

Дејв Колум: Па, можеше да се види како поминува низ системот. На пример, нашите дипломци од прва година кои студираа органска хемија за време на карантинот, кога се појавија, беа многу слаби по органска хемија. Па, замислете го сиромашното дете кое има пет години, кое се обидува да научи да чита и пишува, а сè е преку маска. Има периоди кога учите да читате и пишувате. И така беше катастрофално. Беше апсурдно. И целата таа работа ја направи Фаучи.

А нашата Зум група, патем, го имаше Скот Атлас. И затоа го прашав Скот, реков: „Скот, дали беше злонамерно?Тоа што Фаучи и Биркс го направија – дали беше злонамерно?“ И мислам дека беше. Мислам дека зад тие двајца стојат злобни сили. Но, тој имаше поинаков одговор. Рече: „Не можете да сфатите колку се глупави тие двајца“. Тоа беше неговиот одговор. Тој рече дека Фаучи никогаш не дал научен аргумент. Никогаш.

И тој рече: „Еден ден…“ Сето ова е снимено, па не зборувам зад негов грб. Има снимка на интернет со ова. Тој вели дека еден ден, Фаучи влегува со научен труд што Атлас го прочитал. И така размислувајќи, Фаучи всушност ќе каже нешто научно, Фаучи отишол да каже „енцефаломиелитис“. Сега, ако работите во маркет, можеби ќе се збуните кога ќе го чуете тој збор. Но, ако сте раководител на целата здравствена организација, тоа не треба да ве збуни. И рече дека толку лошо згрешил што било неразбирливо. И Атлас рече: „Повторете? Што кажавте?“ И Фаучи не сакаше да го повтори. Рече дека Биркс зема работи од интернет, прави кружни дијаграми, немајќи поим што значи тоа. Нема поим.

Такер Карлсон: Може ли да ве замолам да се навратиме на ова само за момент? Значи, сега опишувате некомпетентност, но претходно алудиравте на злоба. Што мислите, кои се тие темни сили кои стоеја зад Биркс и Фаучи?

Дејв Колум: Па, мислам дека, пред сè, им се допаѓа фактот што зборуваме за тоа дали вирусот произлегол од лабораторија во Вухан, бидејќи на тој начин дебатираме дали да ги обвиниме Кинезите или не, нели? Всушност, мислам дека вирусот произлегол од наша лабораторија, веројатно во Северна Каролина. Голем број луѓе ја следеле и болеста и вакцината со години пред да се појави на нашата врата.

Такер Карлсон: Мислите дека вирусот излезе од лабораторија во Северна Каролина?

Дејв Колум: Да. Ралф Бариќ (вирусолог од Универзитетот во С. Каролина кој во 2015 г. Соработувал со лабораторијата во Вухан на корона вирусите, н.з.) . Можете да следите, еден човек по име Дејвид Мартин ја следел патентната патека. Вештачки организам може да се патентира, а не природен. И можете да ја следите патентната патека за КОВИД и можете да ја следите патентната патека за вакцина и да гледате како се движи наоколу, од точка А до точка Б.

Такер Карлсон: Сакам малку да го разјасниме ова. Мислите дека вирусот е создаден или дека се започнало во Северна Каролина, а потоа oднесено во Вухан за…?

Дејв Колум: За да се доразработи, да се проучи, да се… Мислам дека го направивме тоа, дека го изнесовме од САД, бидејќи gain of function research (медицинско истражување кое генетски го менува вирусот за тој да стане позаразен и попренослив меѓу луѓето, н.з.) беше забрането во САД. Но, не мислам дека навистина ја воведовме таа забрана. Финансиравме истражувања во Вухан, но не е само Вухан. Ние имавме околу 36 лаборатории за биолошко оружје во Украина со американско потекло.

22.08.2025 - 23:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега