Мицевски: Со ова решение се обидуваме да ја пополниме правната дупка по одлуката на Уставен
Со ова решение се обидуваме да ја пополниме оваа правна празнина по одлуката на Уставниот, рече пратеникот Никола Мицевски образложувајќи ја потребата за носење на измени во Изборниот законик.
Појасни дека тие треба да го регулираат изборниот процес, но и најави и дека регулацијата на интернет порталите ќе се прави идната година, наместо сега.
-Со ова решение се обидуваме да ја пополниме оваа правна празнина по одлуката на Уставниот суд за да се воведат одредени јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначалници и советници од страна на група избирачи, а да бидат фер и еднакви условите во секоја општина подеднакво. Законот се усогласува исто така и со Законот за медиуми, со што би се регулирала и регистрацијата на електронските медиуми во платено-политичко рекламирање. Бидејќи процесот за поднесување апликации до ДИК е веќе почнат, има одредени реакции од ваквиот вид на медиуми ќе интервенираме и со амандман за истава одредба да важи од 01.01.2026 година, со што можеме да дозволиме на сите електронски медиуми коишто учествуваат во платено-политичкото рекламирање на овие избори да имаат права и услови, а подоцна да бидат регулирање. Ова обид за појасни, фер и транспарентни правила за овие избори. Нагласувам и најавувам дека ова е времено решение на овие избори и дека работата на конечниот Изборен законик ќе биде со вклучување на Министерство на правда, сите релевантни политички структури и партии, како и Невладини организации и сите стејкхолдери коишто се заинтересирани за носење на долгорочно и одржливо решение, рече Мицевски.
Носење измени на Изборниот законик по скратена постапка е потребно да се донесат заради усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и одлуката на Уставен Суд. Меѓудругото, го регулираат и учеството на независните на кандидати на претстојните локални избори.
Измените предвидуваат, наместо 1%, за кандидатура да бидат потребни 0,95% потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список во таа изворна единица.
Со измените се предвидува и кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, да се соберат најмалку 1 000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на ДКП, односно конзуларните канцеларии на образец пропишан од Државната изборна комисија.
Со предложеното законско решение, се дефинираат и интернет порталите согласно Законот за медиуми, а се врши и усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа, ти за пратеници со собрани потписи.
Според предлагачите (група пратеници), со предложното законско решение ќе се обезбеди јасен, транспарентен и инклузивен изборен процес и ќе се надминат воочените недоследности преку зајакнување на правната рамка.
Претходно ДИК на седница во саботата усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа