Не поминаа предлог измените на Изборниот законик
Собранието на вонредна седница денеска гласаше за предлог измените на Изборниот законик со кои независните листи за советници и кандидати за градоначалници требаше да соберат потписи од 0.95 проценти од запишаните во Избирачкиот список за конкретната општина или Град Скопје.
Во комисиската расправа по измените Левица поднесе амандман со кој процентот 0,95 се заменува со 0.5 што беше прифатено од сите, освен од Европскиот фронт.
Откако предлог измените се вратија на пленарна седница, за нивно усвојување гласаа 66 пратеници додека 18 беа против, но во гласањето на немнозинските заедници, 11 гласаа ЗА, а 18 пратеници Против со што предлог измените не беа усвоени.
Покрај процентот на потписи, една од измените предвидуваше и дефинирање на интернет порталите согласно Законот за медиуми.
Првиот круг од локалните избори е на 19 октомври, додека вториот е на втори ноември,
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа