Мицкоски: За една година 19,7% повеќе странски туристи

 

Премиерот Мицкоски објавувајќи ги податоците од Државниот завод за статистика вели дека годинава Македонија бележи голем скок во бројот на туристи.

-Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5% споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7% во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5% споредено со истиот период 2024 годаина. Во истиот период од 2025 година имаме за8,5% повеќе реализирани ноќевања споредено со првата половина од 2024 година. Нашата Македонија е преубава, ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20% годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, македонските езера и планини, да уживаат во прекрасната македонска традиционална кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија, вели Мицкоски.

16.08.2025 - 14:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега