Леден бран среде мај: Снег утрово побеле делови од регионот

 

Иако веќе е пролет, од вчера снег го побеле Пријепоље, поточно планинскиот превој „Јабука". На 1.250 метри надморска височина, утрово се е бело, како да е зима. 

- Снегот почна да паѓа рано наутро, а температурата се спушти на само еден степен над нулата. Возачите се изненадени од глетката, велат мештаните за српските медиуми. 

Послаб снег утрово вее и на Копаоник, а облачно, ладно и врнежливо е во цела Србија.

16.05.2025 - 09:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега