Мицкоски: Карпалак е рана, но и аманет - да изградиме држава без омраза и поделби
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се огласи на социјалните мрежи во чест на хероите од Карпалак, нагласувајќи дека нивната жртва не смее да биде заборавена.
„Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува“, напиша Мицкоски.
Тој нагласи дека жртвата на бранителите треба да биде аманет за идните генерации, за да се изгради држава во која слободата, мирот и достоинството се свети, а омразата, поделбите и неправдите нема да имаат место.
„Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена. Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но и аманет“, стои во статусот на премиерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа