Шок во Битола: Маж криел 15 пушки, 6 пиштоли, 2 револвери и стотици куршуми
СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
Како што информира МВР, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 15 пушки, шест пиштоли, два револвери, 363 парчиња муниција од различен калибар, различни делови од оружје и барут.
16.05.2025 - 15:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа