Драма на автопатот Куманово-Скопје: Патник пренесувал облека од познати марки без документација

 


Вчера околу 04.10 часот на автопатот  Куманово-Скопје, во близина на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ запреле и извршиле контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од турски државјанин, а кој сообраќал на релација Турција - Бугарија - Македонија - Косово. При прегледот на патниците, кај М.Ш.(36) од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација.

 

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

16.05.2025 - 15:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега