(ФОТО) Претрес во Скопје: 21-годишник фатен со фалсификати на МВР, паркинг налози и илјадници евра

 


Денеска во Скопје, по добиена судска наредба, полициски службеници од Секторот за комјутерски криминал извршија претрес во дом и други простории кај Л.К. (21) од Скопје, по претходно спроведена истрага поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување” казниво по член 271 од КЗ, кривично дело „компјутерски фалсификат” казниво по член 279-а од КЗ, кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ казниво по член 149 од КЗ и кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ казниво по чл.251 од КЗ.

При претресот пронајдени се и одземени еден десктоп компјутер, три хард диска, два лаптоп компјутери, пет усб стикови, три мобилни телефони, околу 4.000 евра, уплатници и исплатници, како  и фалсификувани паркинг налози од ЈП Паркинзи на општина Центар и полициски картички со логото на МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.


16.05.2025 - 16:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега