Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати
Според најновиот извештај на „Фајненшл тајмс“ нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на Бруто домашен производ. Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Овој индекс, посочи Муцунски на прес-конференција во Влада, не ја наградува големината туку напорот и довербата, нагласувајќи дека не е случајност, бидејќи испраќаме порака дека нашата држава е сигурен и достоинствен партнер, градиме предвидливост, ние сме кредибилна членка на НАТО и се поврзуваме со европските коридори.
-Тој покажува дека привлекуваме повеќе нов капитал отколку што би се очекувало за нашата економска тежина. Дека остварените резултати во делот на странските инвестиции се над нашата категорија. Тоа е порака до инвеститорите и граѓаните. Тука вреди да се инвестира, да се гради, да се остане, изјави Муцунски.
Како пример за ваквата динамика, Муцунски ги посочи енергетските проекти и големиот број нови инвестиции реализирани во ТИРЗ зоните во изминатат година.
-Тоа е јасен сигнал дека енергетската транзиција и индустрискиот раст се во фаза на реализација не само план или парола, рече Муцунски.
Граѓаните не очекуваат аплауз за статистика, нагласи Муцунски, туку чесна држава и јасни правила, подобро платени работни места и пониски трошоци, брзи дигитални услуги, континуитет во подобрувањето...
-Затоа денеска уште повеќе го забрзуваме чекорот. Поедноставуваме постапки, кратиме рокови и ги поврзуваме домашните компании со странските инвеститори, вложуваме во вештини за младите и најважно, создаваме систем во кој никој не е над законот, зошто довербата е најсилната валута за раст, порача Муцунски.
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димоски, на заедничката прес-конференција во Владата со министерот Тимчо Муцунски, рече дека денешниот успех претставува признание за нашата стратегија, пристап и политики кои ги спроведуваме во привлекувањето на странските инвестиции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа