Возач и сопатничка повредени во сообраќајка кај Макази

 

На 13.08.2025 околу 11:10 часот во Полициската станица Ресен е пријавено дека на крстосница од магистрален пат Битола- Ресен, кај место викано „Макази“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(74) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К.(65) од Канада, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „хјундаи“ С.С.(71) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот Ѓ.С., констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

14.08.2025 - 18:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега