Несреќа во Скопје: Прегазена малолетничка, полицијата во автомобилот пронашла неочекувано нешто

 


Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Блаце, скопско. Околу 12.15 часот во с.Чучер Сандево, тој со патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак - малолетничка од с.Чучер Сандево.

Во незгодата, малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

При вршење на увидот било констатирано дека во возилото превезувал огревно дрво без документација, кое било одземено.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

16.05.2025 - 13:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега