Втора среќа за Ристо Стамов од Дојран - претседателот Иванов му подари крст со македонски рубин
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска присуствуваше во Дојран каде во водите на Дојранското езеро голем број верници се обидоа да го фатат светиот крст за кој ќе им носи среќа, а меѓу нив најсреќен беше Ристо Стамов од дојранското село Николич.
Среќниот добитник од македонскиот претседател доби крст со македонски рубин.
- Ова ми е втор пат како го фаќам светиот крст. Првиот пат пред две години ми донесе вработување,а сега сакам да ми донесе здравје,среќа и бериќет.Со тој благослов ќе го носам светиот крст во сите христијански домови во општина Дојран,рече славоносецот Ристо Стамов. Дводневниот престој на шефот на државата Иванов и дипломатите на југоистокот од земјата заврши денеска со прошетката по крајбрежјето на Дојранското Езеро.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа