Еве во чии раце отиде крстот во Велес?
33-годишниот Анѓелко Здравев го фати светиот крст што денеска по повод Водици беше фрлен во реката Вардар во Велес.
Владиката Повардарски Агатангел во сослужение на бројното свештенство, по осветување на водите на Вардар традиционално го фрли светиот крст од Мало Мовче. Тој на Здравев потоа во седиштето на Епархијата Повардарска му подари Библија и златно крвче.
Инаку, по крстот скокнаа 46 лица.
19.01.2014 - 13:55
Фото:
илинден.гов
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа