Еве колку верници оваа година ќе скокаат по светиот крст во Вардар

Во водите на Вардар денеска по светиот крст ќе скокаат околу 213 лица, меѓу кои има и неколку малолетници, меѓу кои и 16-годишно девојче. Најголем број од лицата кои ќе скокаат се на возраст од 20 до 30 години, а најстариот граѓанин кој денеска ќе се фрли по крстот во водите на Вардар има 67 години.

Василиевата литургија почна во 9 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје по што поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан заедно со свештенослужителите и верниците со литија ќе се упати кон мостот кај хотелот „Холидеј ин“ каде ќе ги освети водите на Вардар.

Инаку, празникот се нарекува водици заради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден. Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Со Водици завршуваат т.н. Некрстени денови.

 

19.01.2014 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега