Времето денеска променливо облачно со дневна температура до 13 степени

Во Македонија времето денеска се очекува да биде променливо облачно. Во утринските часови во југоисточните делови се уште ќе има слаби локални врнежи од дожд, а по одделни котлини ќе има и појава на магла.

Ќе дува слаб наместа умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од три до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и магливо. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до шест степени. 

16.01.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега