Пратениците со полни раце работа

Комисиите за надворешна политика, за економски прашања и за одбрана и безбедност денеска ќе одржат седници во македонското собрание.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика, своите платформи за дипломатски активности ќе ги претстават новоименуваните амбасадори на Република Македонија при Светата Столица и во Република Србија, Звонимир Јанкуловски и Вера Јовановска-Типко. На седницата на оваа комисија се и Предлог-законот за ратификација на Договорот за трговија со оружје и Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција, додека членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

27.12.2013 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега