Попоски: Има огромен потенцијал за економска соработка со Индија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска оствари средба со својот индиски колега, Салман Куршид.

- Во оваа прилика потпишавме Договор за избегнување на двојно оданочување помеѓу Индија и Македонија што треба да биде дополнителен аргумент за олеснување на инвестиции од двете страни, изјави министерот Попоски по средбата со својот колега.

Министерот денеска се сретнал и со претставници на Министерството за трговија и на Стопанската комора во Њу Делхи. Индиските бизнисмени покажале интерес енергијата и туризмот.

- Се надеваме дека ќе можеме на оваа основа и фактот дека има огромен потенцијал за економска соработка помеѓу Индија и Европа да ја понудиме Македонија како една од најдобрите дестинации за инвестирање во европски рамки, нагласи Никола Попоски. 

17.12.2013 - 15:16
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега