Бесими на средба со амбасадорите на членките на ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за Европски прашања Фатмир Бесими денеска оствари завршна средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ акредитирани во Република Македонија.
Бесими ги запознал амбасадорите со исходот од разговорите при неодамнешната посета на Брисел и европските институции и за последните чекори што Македонија ги преземала за надминување на наодите од Извештајот на Европската комисија за остварен напредок за 2013 година и ја потврдил посветеноста на Владата за реформите и евроинтеграциите на земјата.
Вицепремиерот искажал очекување дека на декемврискиот самит земјите членки ќе го признаат напредокот на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа