Минатата недела пет пожари во Гевгелија, Богданци и Дојран

Во Гевгелија, Богданци и Дојран во текот на минатата недела се случиле дури 5 пожари. 

Најголем дел од пожарите биле предизвикани од неисправни оџаци, па посебен проблем за пожарникарите од територијалната против пожарна единица-Гевгелија биле непостоењето пристапни отвори кон покривите. 

Пожарникарите побараа сите заедници на станбените згради да бидат задолжени во рок од 15 дена да обезбедат отвори кон покривите кои во случај на пожар ќе овозможат побрза и поефикасна интервенција.

17.12.2013 - 12:33
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега