Беџети: Очекувам да се постигне консензус за Изборниот законик

Министерот за правда Блерим Беџети денеска изјави дека очекува очекува да се постигне консензус меѓу партиите од власта и од опозицијата околу измените на Изборниот законик.

- Предлозите на опозицијата се разгледани. Денеска повторно ќе се состанеме Министерството за правда како предлагач и политичките партии. Очекувам да се приближат ставовите имајќи предвид дека драфт верзијата на Министерството за правда има добри решенија. И со аргументи мислам дека ќе се убедат сите партии дека Министерството, односно Владата препораките ги има вградено во верзијата и очекувам партиите и од власта и од опозицијата да ги прифатат и да постигнеме консензуално решение, изјави Беџети по промоцијата на компаративната анализа „Вградување на владеењето на правото во процесот на проширување на ЕУ-Досегашни искуства и перспективите на земјите од Западниот Балкан“.

Во врска со „Монструм" министерот за правда ги коментираше изјавите на адвокатите дека обвинетите нема да бидат екстрадирани: - - Надлежни за екстрадиција не се адвокатите, туку министерствата за правда и другите органи. Ние сме во комуникација и веќе се имаме изјаснето за ова прашање, изјави министерот.

04.12.2013 - 13:14
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега