Царината со полни раце работа - во ноември поднесени 11 кривични пријави

Царината на Македонија во месец ноември поднела 11  кривични пријави против  12 физички лица и едно правно лице, меѓу кои голем број странски државјани.

За производство и пуштање во употреба на дрога, кривична е поднесена за  А.Ј. државјанин на Република Литванија, затоа што на ден 01.11.2013 година во патничкото моторно возило марка „Мерцедес“ тип „А“ со германски регистарски ознаки со кое се пријавил на граничен премин Табановце-автопат за излез од Р.Македонија при извршена контрола под подот, под ладицата и во двата браници биле пронајдени вкупно 28 пакетчиња обвиткани со црни најлонски кеси наполнети со непозната растителна материја. По извршено вештачење од страна на МВР-Оддел за крим техника утврдено е дека непознатата растителна материја преставува марихуана со вкупна тежина од 13.215 грама. Организатор на целиот транспорт било лице германски државјанин кое за пренесувањето на дрогата на осомничениот му дал паричен надомест од 1700 евра, како и за Џ.Б. државјанин на Република Турција, затоа што на ден 21.11.2013 година на граничен премин Деве Баир на влез во Р.Македонија како патник во автобус кој сообраќал на редовна линија Истанбул-Приштина му бил извршен личен претрес при кој во внатрешниот лев џеб од јакната која која на себе ја носел  било пронајдено едно пакување со непозната прашкаста материја со светлокафена боја. 

Кривична пријава е поднесена против две физички лица Ј.А.П. и Д.Р.В државјанини на Република Полска, затоа што на ден 26.11.2013 година во патничкото моторно возило марка „Алфа Ромео“ со полски регистарски ознаки со кое се пријавиле на граничен премин Табановце-автопат за излез од Р.Македонија во резервоарот за гориво при извршена контрола биле пронајдени 12 пластични проѕирни шишиња од 1,5 литри и едно проѕирно пластично шише од 0,5 литри сите наполнети со непозната растителна материја со зеленкаста боја. По извршено вештачење од страна на МВР-Оддел за крим техника утврдено е дека непознатата растителна материја преставува марихуана со вкупна тежина од 5.145 грама.

Исто така, пријава е поднесена против едно физичко лице И.Х. државјанин на Република Албанија, затоа што на ден 26.11.2013 година во патничкото моторно возило марка „Волксњаген Схаран ТДИ“ со албански регистарски ознаки со кое се пријавил на граничен премин Меџитлија за излез од Р.Македонија при извршена контрола во специјално направен бункер на покривот од возилото биле пронајдени вкупно 27 пакетчиња обвиткани со селотејп трака и најлонска кеса наполнети со непозната растителна материја.

 Кривична пријава е поднесена против едно физичко лице М.П.-Н. државјанин на Република Македонија, затоа што на ден 17.10.2013 година во патничкото моторно возило  со бугарски регистарски ознаки со кое се пријавил на граничен премин Дојран за излез од Македонија при извршена контрола на повеќе места во внатрешноста на возилото како и под хаубата биле пронајдени непријавени вкупно 48,5 килограми семенски материјал-семе за зелка  сместени во кеси и  јутени вреќи, Кривична пријава е поднесена против едно физичко лице И.А.Б. државјанин на Република Бугарија, затоа што на ден 18.11.2013 година во патничкото моторно возило  со бугарски регистарски ознаки со кое се пријавило на граничен премин Деве Баир за влез во Македонија при извршена контрола во петте патните торби сместени во багажниот простор од возилото биле пронајдени непријавени вкупно 1449 парчиња накит, кристали „СЊАРОВСКИ ЕЛЕМЕНТС“ и каталози .

 

04.12.2013 - 11:38
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега