Принцот Вилијам и Кејт го избираат кумот на нивниот син

 

Принцот Вилијам и Кејт ќе ја прекршат кралската традиција и сами ќе изберат кумови за крштевањето на нивниот син.

Според британските медиуми тие најверојатно  ќе изберат некои од нивните пријатели да бидат меѓу шестте кумови за крштевање на принцот Џорџ.

Најверојатно еден од нив ќе биде банкарот Фергус Бојд, кој студираше на Итон со принцот Вилијам и кој ја делеше куќата со кралската двојка на Сент Ендрју Универзитетот.

Покрај него се зборува дека шанси да учествуваат во крштевањето на малиот принц имаат и пријателката на Кејт од колеџот Марлбор, Емилија Д’Ерланџер, која е дизајнер, како и еден од најстарите пријатели на Вилијам, Хју ван Кутсе.

Кралското семејство се загрижило, бидејќи изборот на Вилијам  и Кејт се „обични луѓе“.

 

Во обложувачниците веќе започна обложувањето за кој ќе ја добие оваа чест.

14.10.2013 - 12:10

најчитано сега