Детали за сообраќајката на патот Росоман-Кавадарци - три лица...
Три лица се повредени во сообраќајката која попладнево се случи на патот Росоман-Кавадарци, потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
- Околу 16.20 часот на овој регионален пат се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобила. Сообраќајот беше во прекин во двата правца до 17.30 часот, соопшти Стојковска.
Таа нагласи дека увидот е во тек, а според првичните информации три лица се повредени.
21.04.2016 - 18:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа