Економисти предупредуваат: Трамп не е ни блиску до завршување на трговската војна

 


Доналд Трамп не е ни блиску до склучување повеќе трговски договори, но економските услови ќе ја ограничат неговата способност да води долгорочна трговска војна, проценуваат економистите.

Карстен Брзески и Инга Фехнер од ING истакнуваат: „Релативно мирната недела завршува со голем шок и потсетник за пазарите дека не сме ни блиску до голем број „прекрасни трговски договори“ или враќање во нормала. Нестабилноста се врати. И да бидеме јасни – ако навистина се воведат царини од 50 проценти за европските производи, тие би можеле да го намалат растот на БДП во еврозоната за околу 0,6 процентни поени и да ја доведат економијата на работ на рецесија… а воедно да ги зајакнат и стагфлаторните притисоци во САД“.

„Во овој момент, нема смисла да се шпекулира за тоа како ќе се развиваат трговските тензии. Сè е можно – од договор до понатамошна ескалација. Ние сме на ставот дека економското влијание од ескалацијата на трговската војна врз американската економија на крајот ќе биде толку сериозно што одржувањето на високи тарифи едноставно нема да биде одржливо на долг рок.“

23.05.2025 - 17:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега