Му кажала дека мајка ѝ и забранила да се гледа со него па објавил нејзини експлицитни фотографии

 

На 21.05.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка добивала закани од малолетник, со кој била во љубовна врска.

Според пријавата, откако му кажала дека таа ѝ забранила да се гледа со него, на социјални мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

23.05.2025 - 10:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега