Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија
Реализацијата на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигураат квалитетната и навремена реализација на проектите, а од друга страна ќе го подигнат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МРТ.
Тој најави дека во делот на изградба на брзата железница, ќе се добие техничка подршка од компанија од Велика Британија која го градела најсофистицираното дигитализирано метро во Лондон.
– При секоја посета на Лондон многу разговарам во делот на техничката подршка, тоа е нешто што е многу значајно, нешто што значи искуство и знаење и за мене тоа е еднакво важно како и финансиската компонента. Во однос на железницата разговараме да добиеме техничка подршка од најсилната компанија во Велика Британија, се работи за „Crossrail”. Тоа е компанијата која ја изгради најновата и најдолгата линија во Лондон, првата дигитализирана метро линија во овој дел од светот, тоа е метролинијата „Елизабет” која е крстена по Кралицата Елизабета. Така што зборуваме за тој вид на експрети и зборуваме за проект од 20 милијарди фунти, значи само овој проект е четири пати поскап од тоа што ние имаме како аранжман. Со тој профил на луѓе преговараме да дојдат да ни помогнат затоа што таквата помош е двонасочна. Едно е краткорочна, бидејќи имате сигурна и квалитетна реализација на проектот, а второ обучувате кадри за во иднина, рече Николоски.
На Македонија, како што забалежа, и фалат добро обучени кадри со искуство.
– За жал заради годините на девастација би рекол и во децениите, во Македонија градежниот сектор скоро и да колабираше, голем број на фирми банкротираат и јас се надевам дека со ова ќе ги внесеме во фаза каде повторно ќе бидат меѓународно конкурентни какви што беа во едни претходни времиња и затоа овој аспект за пренесување на знаења е многу значаен, истакна вицепремиерот Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа