Пешевска: Со измените на кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство
Со измените на кривичниот законик се решава вековната борба и децениската заложба од политичките партии како активни чинители во општеството и заложба на граѓанските организации за ставање под контрола на семејното насилство, истакнува Жаклина Пешевска, претседателката на Унија на жени и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа посочува дека со следните измени на кривичниот законик се предвидува дека за кривичното дело телесна повреда, при вршење на семејното насилство ќе се гони по службена должност, а не како до сега по предлог на оштетената или оштетениот.
-Тоа значи дека дури и во случај оштетената, во било која фаза на постапката, да се откаже од кривичното гонење на насилникот, постапката нема да запре, туку ќе продолжи до донесување на пресуда.
Ја поздравувам оваа иницијатива од Владата со која покажуваме дека се грижиме за добробит на семејството, а жената станува центар на македонското општество, вели Пешевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа