Добри вести за возачите: Горивата поевтинуваат

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % во однос на одлуката од 9.09.2025 година. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,408 ден/кг и сега ќе изнесува 36,740 ден/кг.

Од 16.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 75,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 77,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар) 

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар) 

Мазут М-1 НС  36,740 (денари/килограм)
 

15.09.2025 - 14:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега