Триесетина семејства од Штип за десетина дена ќе добијат нови домови

 


Триесетина семејства за десетина дена треба да се вселат типските куќи кај Мирјанина црква во Штип. Објектите се веќе поставени, а во моментот се работи на поврзување со водовод, канализација и електричен напон. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска информираше дека по завршување на овие градежни активности ќе бидат сместени и семејствата кој живеат во старото нервно одделение, а дел и во центарот на градот.

-Типските куќи веќе се поставени, внатрешноста на типските куќи исто така е поставена, изградена, во моментот се работи на инфраструктурно поврзување со водовод, канализација и еллектричен напон. Така да следните неколку денови, по завршување на ова поврзување сите предвидени семејства ќе бидат вселени во типските куќи, а со тоа местата кои досега ги користеа за домување ќе бидат исчистени и ќе бидат уредени, изјави Јорданов.

Локациите каде што сега живеат семејствата кои треба да бидат сместени во типските куќи, потоа ќе бидат соодветно уредени.

-Во наредните десетина дена очекувам да се преселат семејствата во овие типски објекти, а локациите како што е старото нервно одделение, локацијата „Стојан Рибата“ практично во централното градско подрачје, исто така ќе биде расчистена и верувам дека понатаму овие локации ќе бидат атрактивни за уредување и за домување, вели Јорданов.

Тој додаде дека со уривањето на објектите каде што беа населени неколку семејства, кои ќе се вселат во овие типски куќи се овозможи да продолжи и  изградба на новиот кружен тек на булеварот „Партизанска“. Доизградбата на овој булевар е во должина од околу еден километар, а претходно беше замената и главната водоводна и канализациона мрежа на овој потег.

15.09.2025 - 16:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега