Киднапирање во Штип: Девојка на сила внесена во кола и претепана

 


Утрово во 07:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н.(28) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека на 13.09.2025 околу 22:10 часот во Штип со употреба на сила внела 21 - годишна девојка од Штип во возило кое го управувало друго женско лице, по што ја однеле во една штипска населба каде физички ја нападнала и ја снимала со телефон.


По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

14.09.2025 - 15:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега