Двајца пациенти со Мајмунски сипаници потврдени во Македонија

 

Потврдено присуство на Мајмунски сипаници. ЈЗУ Институт за јавно здравје соопшти дека Мајмунските сипаници се потврдени кај двајца пациенти кои по приемот биле испитувани и за сипаниците, но и за ХИВ, сифилис и херпес.

-Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни

начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox - Мајмунски

сипаници. Бидејки за прв пат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox - Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се превземаа соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др, велат од ИЈЗ.

Направена е епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози, а анкетата, според ИЈЗ е сѐ уште во тек.

Ќе биде препорачано на позитивните пациенти да се јават на Инфективна клиника.

Институтот за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата. Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално се превземаат сите потребни мерки. Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на последиците од ваквата појава и се превземаат сите превентивни мерки. Во текот на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста, велат од ИЈЗ.

22.05.2025 - 22:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега