Евроамбасадорот Михалис Рокас во посета на Бигорскиот манастир

 

По денешната претпладневна посета на амбасадорот на Република Албанија, Денион Меидани, Бигорската Света Обител попладнево повторно беше удостоена со значајна чест: во нејзините благословени дворови пристигна и неговата екселенција Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во земјава, објави Бигорски манастир.

-Во духот на монашката гостољубивост, тој беше срдечно пречекан од Старецот на Обителта, Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј. Во пријателски разговор, Старецот го запозна својот висок гостин со духовната, културната и социјалната мисија на манастирот, споделувајќи размисли и за актуелни предизвици со кои се соочува современиот човек, како и за мисијата на Црквата во денешниот свет, стои во објавата.

Се додава дека срдечната и искрена средба поминала во атмосфера на меѓусебно разбирање, почит и добра волја, со надеж дека светлината на духовната традиција ќе продолжи да биде мост на поврзување меѓу народите и културите. 

14.07.2025 - 21:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега